ЗА ЦГЈ ИЛИЕВИ

Центарот за германски јазик „Илиеви“ е првото приватно училиште за изучување на германскиот јазик и запознавање со културата на земјите од германското говорно подрачје во Битола. Основан во 1998 година од д-р Валентина Илиева со љубов, визија и желба да им се приближат на граѓаните на Битола и пошироко германскиот јазик и култура преку модерни методи и форми на предавање.

Започна скромно, со една училница и една група на ученици, за да постепено низ годините расте се развива и прераснува во реномирана, успешно водена институција, каде успешно се пренесуваат јазичните компетенции на германскиот јазик кај кандидатите, кои го не само што успешно го совладале германскиот јазик туку голем дел од нив денес станале и самите професори по германски јазик и ги пренесуваат натаму нивните стекнати знаења.

И ден денес кога ќе се спомене германскиот јазик д-р Валентина Илиева и Центарот за германски јазик се сметаат за синоним на германскиот јазик.

ЦГЈ Илиеви се стреми кон унапредување и висок квалитет во наставата по германски јазик и нуди широк спектар на курсеви по германски јазик како:

  • Индивидуални курсеви за сите возрасти,
  • Интензивни курсеви за ученици и возрасни
  • Годишни курсеви за деца, ученици и возрасни
  • Специјализирани курсеви за лекари и медицински персонал

Целите на ЦГЈ Илиеви се создавање на пријатна атмосфера и професионален пристап користејќи современи методи и интеракција за полесно и позабавно совладување на четирите вештини: читање, слушање, пишување и говорење на германскиот јазик.

Располага со современо опремени простории кои овозможуваат пријатна атмосфера, позитивна енергија и интерактивна настава.

ПРЕДАВАЧИ

Image

Д-р Валентина Илиева

Image

Симона Монавчева

Image

Кристина Атанасовска

Типови на курсеви и како да се пријавам?

Повеќе во врска со курсевите и типови на курсеви можете да дознаете на следниот линк

Контакт податоци

Климент Охридски 35/3 7000 Битола

+389 47 221-336
+389 75 283 070

kontakt@cgjilievi.com